top of page

ЦСЛУ- Прилеп   od 1957

Почетоците на Центарот за современa ликовна уметност - Прилеп (ЦСЛУ-Прилеп) датираат уште од  1957 година, кога е основана првата „Интернационална сликарска колонија“ една од најстарите ликовни колонии во Југоисточна Европа. ЦСЛУ-Прилеп означува континуирана уметничка креативност и успешно ја поттикнува и промовира низ годините, основајќи нови интернационални уметнички работилници (студии за ликовно изразување преку различни материјали и форми) како што се: студија за сликарство, графика, мермер, метал, дрво, керамика, пластика, мозаик, графика, витраж, уметнички фотографии, mail-art, street-art, body painting и digital art-NFT.

 

Во текот на 64-годишното постоење на ЦСЛУ-Прилеп, во текот на овие интернационални ликовни работилници се создадени над 1200 различни уметнички дела, направени со рацете на уметници од повеќе од 50 земји во светот.

 

ЦСЛУ-Прилеп перманентно работи на поттикнување и промовирање на уметничкото изразување, во насока на општествено одговорна уметност која ги зема предвид актуелните моменти во општеството и уметничкиот живот. Ги следи новите трендови во уметноста, истовремено збогатувајќи го фондот на уметнички предмети, трендови, уметнички стилови, материјали што се користат за уметнички цели, на тој начин создавајќи нови простори за ликовно изразување, со значителна уметничка содржина. Традицијата на слободно уметничко изразување продолжува, што конечно резултира со врвна уметничка работа.

bottom of page