top of page
cca_edited.jpg
Marble Surface
Драган-Попоски-Дада-1.jpg

Проф. ДРАГАН ПОПОСКИ  ДАДА
(1933-2021)


(Претседател на ЦСЛУ-Прилеп 1998-2001)

Роден е во Прилеп, 1933 година, а Академија за ликовни уметности (1961) и постдипломски студии (1964) завршил во Белград, во класата на проф. Јован Кратохвил. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Студиски патувања остварил во Грција, Италија, Англија, Франција, Германија, Полска, САД. Од 1965 година реализирал повеќе самостојни изложби и учествувал на бројни групни претставувања во земјава и во странство. Автор е на повеќе монументални дела и е добитник на повеќе награди, меѓу кои во 1981 година, највисоката државна награда „11 Октомври”.  На иницјатива на ЦСЛУ-Прилеп, Општина Прилеп, во 2021 година постхумно му ја додели наградата „3 Ноември“ за животно дело на Проф. Драган Попоски - Дада.


Од неговите монументални дела распослани низ светот, две се издвојуваат во Прилеп и Прилепско, меѓу кои и тоа наградено со
I награда во 1963-та година, која ја има добиено како прва во кариератата како реализиран академски скулптор, во Прилеп, за делото „Жена-борец“.

 

Драган Попоски – Дада, кој беше креативно неисцрпен и постојан пријател на Прилеп и Центарот за современа ликовна уметност, повеќе од 40 години, дополнително беше и дел од советите и организациите на оваа најстара уметничка колонија во Југоисточна Европа. Во периодот од 1998 до 2001 година Дада е и претседател на ЦСЛУ-Прилеп.

 

Неговите дела ја красат цела Македонија, од кои дел се работени токму непосредно преку ЦСЛУ и го одржуваат споменот кој ќе живее вечно преку неговиот омилен и најбел мермер - прилепскиот, кој во текот на неколкудецениската соработка со нас го истражуваше најчесто низ архетипските форми – топка, коцка и цилиндер. Неретко, неговата скулпторска иконографија од локален контекст, преку минимализацијата во одредени етапи од творештвото ја интернационализираше и со тоа тој беше неприкосновен дел од општата светска скулптура. Неговите трансформации и денес се инспирација за генерациите кои ги учеше, и тие кои учеле и учат од нив.


Смртта на Дада освен што е непроценлива загуба за македонското и за балканското вајарство, со оглед на неговата активност до својата 85-та година, исто толку голема е и за нас, а особено за градот Прилеп.


Доајенот на македонската скулптура Драган Попоски - Дада почина на 27.09.2021 година, во својата 88 година.


Неговата последна изложба беше во 2018 во Даут пашин амам.

bottom of page