top of page
cca_edited.jpg
Marble Surface
DIME JANESKI 5_resize.jpg

ДИМЕ ЈАНЕСКИ

(1952-2016)


Претседател на ЦСЛУ-Прилеп

(2002-2015)

Роден 15.10.1952 година, своето образование го почнува и завршува во Македонија, како дипломиран Историчар на уметност. Уште од самите негови почетоци е активен соработник во Центарот за современа ликовна уметност – Прилеп и веќе во 1980 станува генерален секретар се до 2001 година, кога и официјално го превзема водството како претседател. Тешките општествени периоди во текот на неговото делување, не го поштедија ниту Центарот во последниве 20 години, но благодарение на упорноста, борбеноста и праведноста, како и љубовта кон уметноста, помешани со силниот карактер и дух на нашиот Диме, денеска Центарот може да биде горд на својот континуитет од 64 години постоење и создавење современа ликовна уметност со висок квалитет.

Диме и покрај тешките услови за опстанок не заборава на развојот на Центарот па покрај раководењето на постојаните иницијативи од претходно „Интернационалната сликарска колонија“, „Интернационалниот скулпторски симпозиум - Мермер“, „Интернационално студио за пластика во дрво“ и повремените работилници за уметничка фотографија, мозаик, витраж, графика, керамика (развивани низ годините), ги основа и: „Интернационалното атеље за графика“, „Интернационалното атеље за мозаик“, „Интернационалното ателје за скулптура во метал“, како и на своевидниот редок репрезент не само кај нас, туку и пошироко „Интернационалното студио за пластика во пластика“.

Со Центарот раководи до 2015 година, но и покрај заминувањето од раководната функција, останува и делува како член на Управниот одбор се до неговата прерана смрт на 08.07.2015 година.

Јанески со својата посветеност при работниот век во Центарот за Современа Ликовна Уметност - Прилеп, активно ја развиваше ликовната уметност (сликарската, скулпторската и нови форми), преку преземање на одговорностите за 30-годишно раководење на ЦСЛУ (од вкупно 64 години колку што постои Колонијата, како најстара во Југоисточна Европа).

Раководејќи го Центарот, првично со  д-р Бошко Бабиќ, а потоа до крајот на својот живот со својата сопруга Гордана Бабиќ Јанеска, на Прилеп и на Македонија им донесоа на гости над 3.000 ликовни уметници од целиот свет, кои го знаат Прилеп како малиот прст, а дошле од сите континенти – од Нов Зеланд, преку Јапонија, до Чиле и Канада, од Египет до сите европски држави.

bottom of page